На почетокот на овој месец беа одбележени 22 години од смртта на една од најсаканите принцези на светот, принцезата Дијана која почина во сообраќајна несреќа во Париз.
И по 22 години, се уште постојат различни теории за нејзината смрт, а сега неколку години подоцна проговори возачот на автомобилот во кој била принцезата.
Имено, тој признал дека британските власти го повикале во Лондон за да каже се што знае, но француската полиција го предупредила дека мора да молчи.
„Законот во Франција и законот во Англија не се исти, не оди таму. Едноставно не е исто, не оди“ повторувале неколку пати, се додека возачот не ги послушал.
Исто така возачот призна дека го било страв да разговара со Британците за да не го осомничат како главен виновник за смртта на принцезата.
Поради тоа следниот ден го офарбал автомобилот за да не се видат изгребанците.
Дури и по ова признание, полцијата во Лондон одбила да го сослуша возачот на принцезата Дијана.