Радио Милева

Од трње до ѕвезди: Хали Бери сега е најплатена актерка, а некогаш беше бездомница!

Од трње до ѕвезди: Хали Бери сега е најплатена актерка, а некогаш беше бездомница!

Хали Бери е една од актерките на денешницата која заработува големи пари, сепак, нејзиниот пат до славата и парите не беше нималку лесен. Актерката имаше многу тешка животна фаза и беше дури и бездомница.

Благодарение на нејзиниот талент и убавина, таа постигна голем успех во Холивуд. Пред тоа, актерката зборуваше и за времето поминато во засолниште за бездомници, додека се обидуваше да ја стекне светската слава.

-Почетокот беше многу тежок, на 21 година се преселив во Њујорк и ја започнав кариерата таму. Кога ги зедов моите први пари од моделство, тогаш си помислив: Ох, тоа е тоа имам малку пари. Првите три месеци од животот во Њујорк, имав пари, но подоцна снемав и бев принудена да ја повикам мајка ми и да ја замолам да ми помогне. Таа само ми одговори кратко со „Не“, рече Хали.

фото:танјуг

Таа е најпозната по улогите како Ороро Монро и Сторми во филмот „Х-мен“,„Умири друг ден“, „Жена мачка“ и други…

Хали беше во брак четирипати, дека не беше среќна говори и фактот дека по разводот од нејзиниот прв сопруг Дејвид Џастин, таа се обиде да се самоубие.

фото:танјуг

Немаше среќа и со другите партнери Ерик Бенет и манекенот Габриел Обри, од кој исто така многу брзо се разведе. Таа има  ќерка од третиот брак со Габриел, а од четвртиот брак со францускиот актер Оливие Мартинез има син.

To top