Огњен Врањеш реши да направи гала роденденска прослава во октомври, по повод неговиот 30-ти роденден, на кој ќе му пее не помалку или не повеќе туку Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Огњен не ја познава Цеца, никогаш немал можност да ја запознае, дури ни кога го купи нејзиниот ѓердан за 3.000 евра –пари кои беа наменети во хуманитарни цели. Но, и покрај тоа, тој секогаш ја ценел и ја почитувал нејзината работа“, раскажува изворот за српски „Курир“.
Тој вели дека Ражнатовиќ ќе престојува во најлуксузниот хотел во Атина.
-Вранеш сака да и оддаде најголема почит на Цеца. Пејачката ќе биде сместен во еден од најдобрите хотели во срцето на Атина, во најскапиот апартман. Таа ќе биде придружена од обезбедување и возач. Со оглед на тоа дека е специјален гостин, Цеца треба да се појави во ресторанот околу полноќ и да ги пее своите најголеми хитови. Пријателите на Огњен од Србија, Босна, Белгија и секако неговите соиграчи ќе пристигнат во Атина “, заклучува соговорникот.
-Кој не сака Цеца да му пее на неговиот роденден? Преговорите се во тек. Тоа е сè што можам да кажам засега- вели Врањеш.