Радио Милева

(ФОТО) Од малечко девојченце, до девојка со стил: Ѕвездичката Мартија денес не би ја познале!

(ФОТО) Од малечко девојченце, до девојка со стил: Ѕвездичката Мартија денес не би ја познале!

Ретко кој би го заборавил девојченцето со ангелски глас кое ја направи Македонија горда со својот талент на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“, Мартија Станојковиќ од Куманово.

Оттогаш не помина многу време, но за тој период малата Мартија стана голема девојка која често сака да експериментира со својот изглед.

Речиси секојдневно таа е активна на социјалните мрежи, каде на своите следбеници редовно им презентира промените на себе.

Оние што ја следат добро знаат дека Мартија е вистински моден камелеон, кој храбро се трансформира во стилски поглед.

Па така, овој пат изненади со тоа што се повеќе ја сака шминката, но и егзотичните фризури.

Сега, својата коса ја сплете во долги плетенки, а имиџот го зачини и со интересни очила. Би ја познале ваква?

To top