Жика Јакшиќ откри дека ништо не се сменило во неговиот живот и по речиси 30 години од првата свадба со што зачуди многумина.
Водителот кој често носи бела кошула, рече дека неодамна во една од емисиите ја облекол белата кошула, која ја чувал долго време во шкафот.
„Ја носев таа кошула во 1992 година кога првпат се оженив. Тоа е мојата свадбена кошула, а сега ја извадив и облеков од повеќе причини. Прво, сакав да бидам облечен во неа во првата емисија од новиот серијал. Второ, сакав да покажам дека можам да носам исто парче гардероба дури и по 30 години.
Јас до душа, сè уште изгледам како момче, иако формално и сум момче и како трето: Може да ми се случи некоја нова свадба, зашто да не? Па, нели никогаш не е доцна?“ – тврди Жика.
Тој додаде дека е во одлични односи со неговата поранешна сопруга Дајана Пауновиќ, како и дека се согласува со неговиот син од првиот брак.
„Пред само неколку дена, мојот постар син Андрија, Душан, Дајана и јас заедно вечеравме во еден ресторан. Сè е во ред кај нас. Сите се согласуваме. Душан е дете од осум години, тој игра, тој во моментов има 1.000. талент, а со тек на време ќе се пронајде во нешто, претпоставувам“ – завршил Јакшиќ.
Фото: Драгана Удовичиќ