Радио Милева можеби не е за јавност?

Докторката има нешто да ви каже: „Сакам кога ме чешкаат“ – е едно од петте нешта кои не сте ги знаеле за Симона Попоска (ФОТО)

Докторката има нешто да ви каже: „Сакам кога ме чешкаат“ – е едно од петте нешта кои не сте ги знаеле за Симона Попоска (ФОТО)

Македонската пејачка Симона Попоска, покрај естрадната кариера студираше медицина и стана лекар, иако белиот мантил го носи само во еден од најпознатите центри за убавина, каде во моментов работи.

Она што и се случува и што го нуди на естрадната сцената на сите кои ја следат истата им е веќе познато. Како изгледа згодната и атрактивна докторка и во бел мантил и откако ќе го соблече, исто така не е непознато.

Но, нејзиниот приватен живот како малку да е ставен настрана од јавноста, што можеби и е природно за познатите личности, особено естрадните, на кои добар дел од  животот ионака им е доволно јавен, па веројатно сакаат да сочуваат едно парче од својата интима само за себе и најблиските. Затоа секоја коцка од „интимниот мозаик“ на познатите која луѓето ќе успеат да ја откријат, им е многу интересна, па така е и со животот на сексапилната пејачка и докторка.

Сепак, неодамна Симона Попоска преку “Слободен печат“ на јавноста реши да и открие барем пет коцкички од својот „интимен животен мозаик“. Пет нешта кои јавноста за неа не ги знаеше. Затоа читајте внимателно, Д-р Симона Попоска има нешто да ви каже:

1.   Ретко кој знае дека свирам на виолина

2.  Мразам брзо возење

3.  И во лето спијам со чорапи на мене

4.  Сакам кога ме чешкаат

5.  Важам за човек кој секогаш доцни, но веќе го поправив тоа, па ете,  на тие што ме знаат и ќе прочитаат, можеби ќе им биде чудно (ха,ха, ха…).

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/doktor-simona-poposka-site-znaeme-kako-izgleda-vo-bel-mantil-a-vaka-izgleda-koga-kje-se-sobleche-vo-bikini-foto/

 

To top