Откако кралот на народната музика трагично го загуби животот, се дозна дека Шабан Шаулиќ покрај двете ќерки и синовите, оние од бракот со Гоца и вонбрачниот Роберт, имал уште еден син во САД, кој никогаш не го запознал. Откако момчето се застрелало во главата, целата вистина на српските медиуми им ја открил неговиот американски пријател.
„Сакам да ви го раскажам она што сум слушнал и што го знам. Александар е роден и живееше во Колорадо, а неговата мајка Ана била во кратка врска со Шабан Шаулиќ. Таа добила бебе и сама го негувала сè додека не се омажи за друг човек. Александар подоцна го сменил името во Александер и го зел презимето на очувот – Милер. Неговата мајка и се довери на мојата сопруга дека нејзиниот син е всушност дете на Шабан, но дека по куста романса, никогаш повеќе не го видела ниту се слушнала со пејачот. Таа дури и не сакала да му каже дека забременила од него. Родила дете, а само неколку години, откако Ана почина, нејзиниот син дозна за приказната од мојата сопруга. Тој тогаш беше малку збунет, но не покажа желба да го најде својот, наводно вистински татко. Живееше мирно и пристојно, но, никој не знае зошто крена рака на себе!? Се шпекулираше дека дознал дека е тешко болен и затоа го сторил тоа“ – изјавил изворот за Свет.
„Никој не знаеше дека има оружје. Тој важеше за добар човек. Беше пронајден во локва крв, како лежи на средина од дневната соба. Никогаш не се ожени и немаше деца. Ја загуби мајка си од мозочен удар и тоа многу тешко му падна, додека неговиот очув е сè уште жив. По неговата смрт, најдовме писмо што му го напишал на неговиот татко, но очигледно стравот и сомнеж го спречиле да го испрати“ – ја завршил исповедта изворот.
Писмо од наводниот син на Шабан до него
„Г-дине Шабан, не знам како да го започнам ова писмо и не знам како да ви се обратам. Ви пишувам оддалеку од Америка, од Колорадо, каде еднаш многу оддамна запознавте една Ана. Па, јас сум нејзиниот и твој син. Не сакам да мислите дека ви се јавувам затоа што ми треба нешто од вас. Само имам потреба да ви кажам дека сум жив, здрав и дека постојам. Не е ваша вина, не ве обвинувам, ниту пак ви забележувам за нешто. Ве молам простете ми ако ве вознемирувам. Само сакав да ви се јавам. Се’ најдобро, тато“! – пишувало во кусото писмо адресирано, но никогаш не испратено до „кралот на народната музика“.
Фото: Марина Лопичиќ, Драгана Удовчиќ