Радио Милева

Се породи Катарина Ивановска, Тамара прва обзнани

Се породи Катарина Ивановска, Тамара прва обзнани

Македонскиот модел Катарина Ивановска се породи и стана мајка по вторпат, односно роди девојче.

Катарина неодамна откри дека со сопругот одлучиле девојчето да го крстат Кира, име по нејзиниот на татко Кире.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/katarina-ivanovska-go-otkri-polot-i-imeto-na-bebeto-iako-nosi-devojche-toa-kje-se-vika-po-tatkoto-na-manekenkata-foto/

Први честитки најверојатно пристигнаа од нејзините најмили и најблиски, но и од нејзината другарка, пејачката Тамара Тодевска.

Тамара на „Инстаграм стори“  сподели фотографија и напиша: „Добредојде бебе Кира“, а во описот ја означи и Катарина Ивановска.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Тамара и Катарина се добри пријателки и често се дружат како тие, така и нивниите деца. Па на социјалните мрежи често може да видиме по некоја фотографија од нивните заеднички дружења.

фото: Инстаграм

Инаку, пред неколку дена Катарина на социјалните мрежи го сподели креветчето од нејзината наследничка и покажа каде нејзината ќерка ќе ги поминува првите месеци.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Катарина од бракот со Цобе веќе го има синот Вања.

Честитки од редакцијата на вистина.ком.мк

To top