Перманентноста во македонските медиуми е доста тешка, независно дали станува збор за електронски или печатен медиум, а тоа им е доста добро познато на медиумските работници.
Но постојат и исклучоци за кои среќата и околностите се на иста страна. Таков е примерот со ТВ водителката на Канал 5, Милена Антовска-Станковка која точно една деценија е магепсана од телевизиската магија.
Сигурно многупати сте слушнале или прочитале дека оние што работат на телевизија, потоа тешко може да се откажат од истата. Милена преку социјалните мережи се присети на своите телевизиски почетоци и сподели фотографија стара 10 години.
Ретро фотографиите секогаш ни прават да премотаме цел филм низ главата, а веруваме дека и на Милена и се случи истото кога ја најде, погледна и објави фотографијата на која е седната во студиото пред камерите и кога првпат светланло црвеното светло дека е вклучена во програма.
Сега искусна водителка, реализирана сопруга и мајка, која во иднина ќе и раскажува на својата наследничка за своите професионални искуства, а кој знае, можеби и Лана Марија ќе биде освоена од истата магија и ќе тргне по стапките на мама.
Една деценија работа во еден медиум и на иста позиција се вистински успех кај нас, а на Милена и посакуваме уште многу години и спомени на кои вака ќе се присетува!