Радио Милева

Јелена Спенџарска: „Она чувство кога длабоко во себе чувствуваш тага“

Јелена Спенџарска: „Она чувство кога длабоко во себе чувствуваш тага“

Официјално остануваат уште неколку дена до крајот на летото и календарски да започне есен.

Македонските јавни личности ова лето го искористија  да заминат некаде на некоја егзотична плажа за да се одморат и да се подготват за новите ангажмани.

Водителката Јелена Спенџарска знае максимално како да го искористи слободното време и да ужива во предностите на летото и летните температури.

фото: Принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Така, Спенџарска ова лето неколку пати се соблече во бикини, што на домашна територија и на некој скопски базен, што на некоја плажа малку подалеку од очите на јавноста.

фото: принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Водителката пред да се врати на обврските се соблече во бикини, фати боја, се одмори далеку од секојдневието и од вревата, а сега е подготвена за нови предизвици.

фото: принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Со доаѓањето на септември, се вратија и секојдневните рутини, но Јеца како можеби и многумина од нас жали за летото.

Колку ќе и недостига летниот период, водителката се пожали на  „Инстаграм“.

„Она чувство кога длабоко во себе чувствуваш тага зашто летото е на самиот крај. Се завршува, а тебе ти треба уште време психички да се подготвиш за новата сезона. Ти се патува некаде. Италија на пример. Да ги затвориш очите и веќе да ги шеташ улиците низ Тоскана. Да го бараш најубавиот замок, да влезеш во винаријата, да одбереш од највкусното вино и да уживаш во раскошниот двор на зајдисонцето…Да наполниш батерии за ладните денови“, се обрати Спенџарска преку социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Можеби заврши летото и летните денови, но во следниот период ќе има и продолжени викенди, па можеби Јелена ќе најде време да замине некаде и да посети некоја дестинација.

To top