Додека беше во брак со Даниел Кајмакоски таа важеше за тивка, нежна, неизбежна… Барем во неговиот живот, а и на фотографиите на социјалните мрежи кои момчето со „Х фактор“ за пеење ги споделуваше. Но, за жал се покажа дека пејачкиот „Х фактор“ не е доволен за да бидеш фактор и кај жените… Не барем кај оваа, па бракот на Даниел со Кристина Димитриевска пропадна.
Потоа таа се огласи во јавноста не само на фотографии туку и со свои изјави во медиумите, па тивката, нежна, неизбежна, сопруга, стана атрактивна, пожелна, секси, згодна, неопходна… пејачка Кристина Димитри, како што се потпишува самата! Фитнесот за лична употреба, ама и како тренер останува во игра, како и кариерата на модел, кои Кристина решила паралелно да ги практикува со пеењето.
Се разбира ако успее да опстои во пејачките води, во македонската мала естрадна бара полна со „крокодили“, и домашни и оние кои доаѓаат однадвор, подготвени без пардон да проголтаат се’ што ќе им се пристори за конкуренција.
Сепак, и покрај сета убавина, женственост, атрактивност, сексапил… Кристина Димитри тешко дека ќе може да биде некому сериозна конкуренција. Добро, не пеат кој знае како ни една Кристина Кија Коцкар, Луна Ѓогани или незнам која друга старлета од соседството, па сепак тргнаа да станат пејачки, многу повеќе нудејќи го она што наннив се гледа, отколку она што од нив се слуша, ама сепак… Тој пазар има друга математика од овој, нашиов! Конечно нив реалните шоуа ги направија тоа што се, па затоа можеби оттаму и не е лоша оваа идеја, во тој правец да подразмисли и нашава Кристина…
И самата е добар мамец на кој српските продуценти би можеле да зазгризат, како бивша жена на Даниел Кајмакоски. Впрочем и Кија така влета… Како актуелно жена на Слоба Радановиќ чиј брак беше во распаѓање, а потоа дури и победи, па и направи некаква кариера. Затоа и за Кики пеењето потоа може да биде само јаготка на шлагот… Само што најпрвин тортата треба да се изготви!
Вака само локално ќе си потпевнува додека не и помине рокот на траење и не се најде друго дете… Поинтересно и поатрактивно!
Инаку, „Сакам пак“ е авторско дело ( музика и текст) на македонскиот рапер, фризер и стилист Андреј Миске, а аранжманот го направил Јордан Манов.
Во неа Миске во поголемиот дел од темата рапува, додека Кики се вклучува со својот вокал во рефрените. Она што Кристина визуелно има да го понуди се чини е многу поинтересно во видеото изработено од Sygnius Production.
Додека ја слушате песната можете да уживате и во приказната, ама и во жешките кадри на сексапилната убавица, моделот со пејачки амбиции Кристина Димитри. која пее „Сакам пак“. Само не кажа со кого?