Радио Милева

„Ги сакам овие резултати“: Калиопи под строг режим на исхрана – се пофали колку ослбела, но и дека продолжува да се трансформира (фото)

„Ги сакам овие резултати“: Калиопи под строг режим на исхрана – се пофали колку ослбела, но и дека продолжува да се трансформира (фото)

Ведра, насмеана, харизматична и уште бројни епитети не би биле излишни за нашата поп дива Калиопи. Таа е една од ретките музички ѕвезди што не само виртуелно туку и непосредно постојано сака да биде во контакт со обожавателите кои ги има доста.

Опи постојано е активна на социјалните мрежи, особено Инстаграм, каде редовно објавува што ново прави на музички план, но понекогаш знае да изненади и со фотографии и детали од приватноста, како во случајот.

фото:инстаграм/калиопи

Имено, таа на „инста стори“ сподели фотографија од која сакаше да ја покаже својата фигура, односно дека ослабела.

– Обожавам храна, обожавам да јадам , но исто така ги сакам овие резултати после избрани порции. Ова продолжува…

Резултатите навистина се очигледни, но Опи колку и да се менува, нејзиниот шарм и насмевката остануваат нејзиниот заштитен белег по кој ја препознавме.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/raspean-balkon-izleze-opi-pravo-na-terasa-pa-odrza-koncert-prva-klasa-video/

Инаку, Калиопи најавува големиот завршен концерт во „Комбанк арена“ во Белград на почетокот на ноември, а како „загревање“ за големото белградско финале, таа тргна музички да покори уште една бивша ЈУ република – Босна и Херцеговина!

To top