Радио Милева

Роналдо заплака пред камера: Водителот му пушти снимка која емотивно го скрши (видео)

Роналдо заплака пред камера: Водителот му пушти снимка која емотивно го скрши (видео)

Фудбалерот Кристијано Роналдо ја покажа својата нежна страна пред камерите, појавувајќи се во шоуто на Пирс Морган „Добро утро, Британија“.

Поточно, откако беше пуштена снимка од неговиот покоен татко во која тој вели колку е горд на се’ што постигнал неговиот син, Роналдо видно се потресе и заплака.

– Никогаш не сум го видел ова видео. Не можам да верувам – рече фудбалерот низ солзи и додаде:

– Мислев дека интервјуто ќе биде смешно, не очекував да плачам. Морам да го покажам ова на моето семејство. Јас навистина не го познавав татко ми многу. Тој беше алкохоличар. Не можев да разговарам со него. Немавме никаков нормален разговор. Беше тешко.

Неговиот татко, Хозе Динис Авеиро, бил алкохоличар и поранешен војник, а починал од цироза на 52-годишна возраст, кога Кристијано имал само 20 години. За жал, тој не живеел за да биде сведок на врвот на славата на неговиот син или раѓањето на неговите деца.

Кристијано честопати потенцираше колку е жали за тоа, а пријателот на неговиот татко, кој беше со него во војската, рече дека секогаш се фалел дека неговиот син еден ден ќе биде најдобриот фудбалер на светот.

Во разговорот, светски познатиот фудбалер се осврна на неговата свршеница Џорџина Родригез и нивната свадба.

– Таа многу ми помогна. И секако дека сум за заљубена во неа. Тоа е голема желба и за мајка ми. Така ќе се венчаме еден ден. Зошто не? Таа е моја пријателка, и го отворив срцето и таа ми го отвори своето – заклучи Роналдо за љубовта кон партнерката.

фото:принтксрин/јутјуб

To top