Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна раскина со нејзиното момче Милиш Пауновиќ и се исели од неговиот стан.
Нејзините поранешни соседи се тажни што победничката на „Ѕвездите на Гранд“ тагуваат што не живее во нејзината населба.
Тие открија што мислат за Тодоровиќ, но и за нејзиното поранешно момче.
„Многу сум тажна што се разделија и веќе некое време не ја гледам“ вели една повозрасна госпоѓа Нада.
„Милица е прекрасно девојче. Секогаш насмеана, културна, воспитана. Секогаш ме прашуваше „како сте“. И не само, туку ги прашуваше сите соседи од крајот“ вели Нада и додава:
„Знаете како е тоа, кога некој е тука, го гледате секој ден, па уште кога е љубезен и насмеан, природно да ви биде жал што нешто така завршило. Баш штета. Наместо да му роди деца, тие се разделија. А беа многу убав пар“ вели Нада.
„Се бакнуваа на улица, пред зграда, се држеа за рака. Некој да ми кажеше дека ќе се разделат немаше да верувам. Секако, само тие ги знаат причините. Во медиумите читав се и сешто, дека тој ја изневерил, дека таа го фатила, но не знам колку е точно. Како и да било, која и да е причината, жал ми е што не успеа“ вели Нада.
Во пекарата велат дека Милица често ги посетувала и дека го обожавала нивното свежо пециво.
„Ми рекоа дека често се шегува на своја сметка и стално зборуваше: „Не смеам од ова да јадем, но дај ми едно“.
Во цвеќарницата која се наоѓа покрај влезот во зградата каде живееле Милица и Милош, за поранешниот пар имаат само пофални зборови.
„Милица секогаш е насмеана и пријатна. Секогаш не поздравува, но и Милош е прекрасно момче.Не можам ништо лошо да ви кажам. Не знам што се случило меѓу нив,но беа прекрасен пар“ вели вработената во цвеќарата.
Пазарџиите велат дека откако ја нема Милица нема ни радост во нивнота населба.
„Милица купуваше домати, пиперки, лук. Често доаѓаше и се шегуваше. Секогаш зборуваше со нас, се фотографираше. Никогаш не се однесуваше како ѕвезда туку се однесуваше како да е дел од нас. Многу ми е жал што се исели, но и поради тоа што доживеа емотивен бродолом.Тоа беше голема љубов и имаше големи соништа со него“ велат бабичките на пазар.
Една млада девојка вработена во кафуле вели дека ја гледа често Милица како купува во ресторан за Брза храна.
„Купуваше паста или брза храна и поминуваше покрај кафулето, но никогаш не беше кај нас“ вели вработената и додава дека Милица секогаш била расположена и весела за разлика од кореографот.
„Тој некако секогаш е во исто расположение, сериозен израз на лицето…Различен е“ вели таа.
За потсетување, Милица и Милош раскинаа по петгодишна врска, а како причина наведоа дека се ненадминливите разлики за иднина.