Радио Милева

Ријана бремена: Пејачката проговори за мајчинството, па покрена лавина коментари!

Ријана бремена: Пејачката проговори за мајчинството, па покрена лавина коментари!

Пејачката Ријана (31) се појави на церемонијата „Дијамантски бал“ во Њујорк, а многу познати личности дојдоа на добротворната ревија што таа ја организираше.

Сепак, еден од највпечатливите настапи беше младата раперка Карди Би (26), која се појави во тотално неочекуван стајлинг, а наместо провокативниот изглед, изненади со од елегантната розова тоалета.

Раперката потоа на Инстаграм објави фотографија на која седи во скутот на Ријана.

фото:танјуг/ап

Ријана исто така го прошета црвениот тепих во елегантен долг црн фустан и ги изненади многумина со единствена реченица што им ја испрати на новинарите, а обожавателите од Твитер шпекулираат дека Ријана е бремена.

– Јас сум Афроамериканка. Родена сум од Афроамериканка и од Афроамериканец и ќе родам Афроамериканец. Мајка ми е неверојатен пример како да се справам со пречките во животот. Сигурен сум дека и мајка и ја научила така, и јас ќе одам по тој пример. Ние сме беспрекорни и посебни и светот ќе мора да се справи со тоа – рече една од најплатените пејачки на светот.

фото:танјуг/ап

И ако не ја потврди „другата состојба“, Ријана предизвика лавина коментари на Твитер, а бројни следбеници заклучија дека пејачката е бремена.

Пејачката неодамна разговараше со актерката Сара Полсон (44), а кога ја прашаа за нејзиниот љубовен живот и плановите за брак со нејзиното момче Хасан Џамил (29), во таа прилика Ријана го спомна мајчинството.
„Повеќе од било што друго на светот, сакам да станам мајка“, призна Ријана.

To top