Радио Милева

Наташа Беквалац на операција – настапите откажани!

Наташа Беквалац на операција – настапите откажани!

Пејачката неодамна го посетила својот естетски хирург, кој изврши ремонт, па претходните денови таа беше во завои.

– Наташа се смета за пејачка која има најдобри направени силиконски гради затоа што делуваат како природни. Како за сите, така и за неа, дојде време кога мораше да ги замени имплантите. Таа имаше интервенција и во моментов се опоравува. Наташа ќе може да работи веќе овој викенд, па веројатно со гордост ќе ги истакне своите атрибути на настапот – открива извор за српските медиуми, додавајќи дека пејачката е задоволна од новите силикони.

фото:инстаграм

– Таа е воодушевена од тоа како е извршена операцијата. Сега нејзините гради изгледаат поубави и поцврсти. Операцијата беше болна за неа, но беше направена без компликации и сè е во ред – заклучува изворот.

Поради постоперативниот тек, Беквалац не се појави на една јавна манифестација, односно на забавата на мгазинот „Hello“, каде беа присутно скоро сите од српската јавна сцена.

To top