Принцот Хари денес полни 35 години, а на официјалниот „Инстаграм“ профил на војвотката и војводата се појави фотографија со емотивна порака.
„Ти си најдобар сопруг и неверојатен татко на нашето дете. Те сакаме. Ти посакуваме најсреќен роденден“ порача Меган.
Иако често во британските медиуми се појавуваа написи дека нивниот брак е во криза, тие овие пишувања ги демантираа со заеднички појавувања на јавни настани.
За потсетување, во март оваа година Меган и Хари станаа родители на нивниото прво дете, синот Арчи.