Сопругата на починатиот пејач Оливер Драгојевиќ коментираше фотографии од пејачот и откри непознати детали.
Таа прокоментира една фотографија на која Оливер потпишува автограми на деца, па откри голема тајна за пејачот.
„Оливер во дружба со најмалите фанови во еден детски дом. Тој беше човек со големо срце. Не се ни знаеше дека оди во домови за напуштени деца. Несебично им помагаше. Децата го сакаа, иако немаше песни за нив. Не е тој пејач кој децата го сакаат поради песните. Знаеше со нив да се шегува и тоа им беше интересно“ вели Весна.
Весна исто така раскажала анегдоти од нивната венчавка, како и дека близнаците ги родила откако со автобус заминала во болница.
„Кога бев бремена со автобус заминав во болница бидејќи Оливер беше во Лондон, а нашиот сосед кој требаше да ме вози не беше дома. И убаво и тажно е да се потсетувам на тоа“ вели Весна.