Иако е најпознатата старлета на светот и има свој бизнис и шоу од кое направи милиони, Ким Кардашијан е само една жена од крв и месо и се соочува со работи што може да му се случат на секој од нас.
Ким во новата епизода од своето реално шоу откри дека и заканува неизлечива болест! Поточно, таа се чувствуваше болна со денови и се пожали на болки во зглобовите и оток. Отишла на лекар, кој и ја кажал лошата вест.
„Вашите антитела се позитивни за лупус и ревматоиден артритис “, рече лекарот и таа веднаш се расплака.
Сепак, лекарот се обиде да ја смири со тоа што и рече дека ништо не може да се утврди од тестовите што ги направила и дека треба да направат уште многу анализи.
-Ваквите работи се вовлекуваат во вашата глава и започнувате да размислувате за најлошите можни исходи. Така, наредните неколку дена ќе биде навистина пекол за да живеам, затоа што постојано ќе се прашувам што имам и како да се справам со тоа – низ солзи рече Ким.
Патем, ријалити ѕвездата со години се бори против псоријазата, која се обидува да ја покрие со шминка, но нејзината состојба се влошува.