Радио Милева

Како црн лебед: Емина Јаховиќ во секси проѕирен фустан промовираше албум и дует со Жељко Јоксимовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Како црн лебед: Емина Јаховиќ во секси проѕирен фустан промовираше албум и дует со Жељко Јоксимовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Пејачката Емина Јаховиќ вчеравечер,  го промовираше својот нов албум “Понатаму” во Белград, како и премиерата на песната за „Два авиона“ која Емина ја сними и отпеа во дует со Жељко Јоксимовиќ.

Облечена во црн проѕирен фустан од тантела, Емина налик на црн лебед блескаше на промоцијата. Интересно е дека самата Јаховиќ е автор на сите песни на албумот.

На шестото ЦД на Емина има осум композиции, а песната „Два авиона“ е четвртиот сингл од ова издание, по големиот хит „Лимунада“ и песните „Карма“ и “Против сите“.

Интересно е дека улогата на продуцент Емина му ја довери на нашиот Дарко Димитров, додека  видеото го реализирала продукцијата  IDJVideos.

To top