Кога доѓа крајот на летото, речиси сите се некако со иста мисла дека брзо поминало. Изминатите неколку месеци надвор беше жешко ама исто така и на социјалните мрежи од многуте летни и секси фотографии кои ги објавуваа познатите.
Од топлес, танга бикини, бујни предници за машала, но и мускулести машки тела, па секој можеше да „исплакне очи“.
Пејачката Елена Ристеска ова лето 2019-то како да не сакаше многу да открива за тоа како би поминува летните денови, па на својот профил на Инстаграм најчесто објавуваше ретро летни фотографии, пред се од оние кога летуваше на грчкиот остров Миконос кој и е омилен.
Но, сега кога ги восприемаме последните летни сончеви зраци, Еленче за промена одлужи да ја подгрее атмосферата на социјалната мрежа.
Имено, таа објави фотографија на која е легната и ужива во една луксузна вила во Грција, а глетката во нејзиното тело стегнато во бел костим за капење, предизвика воодушевување кај обожавателите и следбениците.
Елена е една од ретките природни убавици на естрадата, па кога ќе се разголи и ќе го нагласи деколтето, нејзиниот сексапил не поминува незабележано.
Иако не „ бомбардираше“ цело лето со разголени фотографии, овие две се сосема доволни и експлозивни за да надоместат.
фото:инстаграм/елена ристеска