Радио Милева со отворени карти

Мелита е „госпожа ѓавол“ во рајот! (ВИДЕО)

Мелита е „госпожа ѓавол“ во рајот! (ВИДЕО)

Контроверзна, шокантна, грешна како ѓаволица или чиста како ангел, како и да ја доживувате, мора да признаете дека некогашната македонска ТВ водителка и трендсетерка Мелита е секогаш своја.

Постојано интересна за медиумите, 24/7 закачена на социјалните мрежи, речиси секој поинтересен детал од својот живот го споделува со јавноста… Па дури и дел од својата приватност која не е за  споделување, ама… Тоа е Мелита, таква каква што е, патем да не заборавиме – таа е мајка на 15 годишна ќерка. „Фала многу, пријатно“ – што би рекла самата.

А, токму таа, нејзината  ќерка, нејзината „принцеза“ Барбара деновиве го славеше 15-иот роденден. Кој би бил посреќен од мајка кога гледа како нејзината наследничка  полека се претвора во девојка, госпоѓицата во идна дама…

„Ова е најважниот ден во мојот живот. Ја родив Барбара. Господ ми подари посебно дете. И го молам да ја чува од зло. Таа е мојата душа, моето се’. Среќен 15ти роденден љубов моја. Никој и ништо не е во мојот живот освен ти. Те сакам толку колку што не можеш ни да замислиш“ – напишал Мелита покрај видеото на кое нејзината Барбара ги покажува не само својата убавина, туку и сиот свој вокален потенцијал и талент, со својата одлична изведба еден од светските хитови.ж


А кога „принцезата“ е среќна и слави роденден, тогаш „госпожа ѓавол“ е во рајот!

Имено, сексапилната „ѓаволица“ ги отвори картите до крај, па го отвори и мобилниот телефон и покажа како нагалено на прекар нејзината Барбара ја запишала мама Мелита во именикот на својот мобилен.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/melita-reshi-da-ja-poduchi-kjerka-i-kako-se-pravi-toa-pa-ja-odnese-na-vistinsko-mesto-foto/

А Мелита…? Битни и се само оние на кои им значи. Тие што сакаат да ја гледаат насмеана.

Животот никому не е му е лесен, но кога си позитивен и опкружен со луѓе кои вредат, се’ е преубаво!  Така вели и самата, така и живее… по свое!

To top