Македонската пејачка Оливера Ѓоргоска последниве години живее, студира и работи во САД. Замина на постдипломски студии, за да го усоврши своето пеење, ама по изгледа „туѓината пуста да остане“ баеги и се бендиса, па згодната прилепчанка се ’ уште е таму.
А „проклета је Америка“ како ветена земја нуди безброј можности за „удобен живот“. Покјрај работа и едукација, Оливерчето очигледно наоѓа време и за забава и релаксација. Освен журката во долгите викенд „фани најтс“, сексапилната пејачка најде начин како да ги одржува својата фигура, кондиција и форма!
Верувале или не, иако згодна и стројна, на лице нежна и убава, пејачката се определи за апсолутно машки спорт. Бокс… кардио-бокс! Здраво за мускулатура и за срце… Да, за нејзиното срце, ама не и за твоето!
Пејачката направи неколку селфи фотографии за да покаже што спорт вежба, ама сите наместо во боксерските ракавици се концентрираа на нешто друго: Она што и проѕираше под затегнатите сиви, спортски хеланки, тесно прилепени до телото и нозете. Црна, мрежеста топ маичка на прерамки и бели гаќички под сивите хеланки! Дрес код за еротски нокаут! Или поточно, за еротски инфаркт!
Зашто, колку изгледа секси, од Оливера Ѓоргоска може да те удри срце, уште пред таа да те удри!
Затоа, за мирно кардио, повеќе концетрирајте се на самиот бокс отколку на боксерката!