Пејачката Радмила Манојловиќ е во повеќегодишна врска со нејзиниот колега, пејачот Харис Берковиќ, а во емисијата „Гламур специјал“ таа проговори за колешките кои се обиделе да и го преземат момчето.
„Кога нешто е забрането тогаш тоа станува послатко т.е обрнуваш внимание на тоа. Тоа е во природата на луѓето. Жените размислуваат во смисла: „Кога на неа и добар, мора да е добар“. Имаше флертувања со Харис од страна на неколку колешки, па дури и некои се обидуваа. Не знам дали и тоа се случува понатаму“ вели Рада во „Гламур“.
„Знам точно за која колешка се работи. Сега не реагирам на тоа. На почекотот кога тоа се случуваше бев неискусна, па јас разговарав, можеби и некој именував, не знам. Потоа, станав помудра и тоа ми стана симпатично. Не сум лута бидејќи знам со кого сум во врска. Исто и тој знае со кого е, а каде ќе најде подобра од мене? Кога ќе ги сретнам тие колешки културно се поздравувам со нив“ вели Манојловиќ.
За потсетување, Рада и Харис често беа во центарот на медиумите заради нивната врска, па често во медиумите се шпекулираше дали раскинале или не.
https://www.youtube.com/watch?v=ePmAMNr6SNg