Бранислав Бане Томашевиќ, заедно со екипата на популарната серија „Убијци на мојот татко“, пред два дена го прославија завршувањето на четвртата сезона.
Миша – „Зворник“ во продолжението на серијата ја освојува пејачката Мила, која ја играше пејачката Александра Пријовиќ.
„Александра е прекрасна партнерка, иако нема актерско искуство, зашто веќе подолго време е во шоубизнисот. Не се забележува дека досега не снимала. Таа ја игра мојата девојка Мила и никој не можеше подобро да игра млада пејачка од Александра. Таа и пее во серијалот, што на луѓето особено ќе им се допадне и верувам уште повеќе ќе ја засакаат“ – вели Томашевиќ.
Инаку, авторите на серијата беа нападнати преку социјалните мрежи заради ангажирање на Александра Пријовиќ.
„Ова се предрасуди. Во театарот се случи Уснија Реџепова да ја игра Коштана и таа тоа фантастично го направи. Мислам дека луѓето не треба да реагираат на тој начин. Таа е талентирана, а ние сме склони да реагираме на прва топка. Актерството и музиката се поврзани професии“ – заклучува Томашевиќ.