Радио Милева

Започнаа снимањата на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а овој Македонец ќе се во појави во првата емисија (фото)

Започнаа снимањата на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а овој Македонец ќе се во појави во првата емисија (фото)

Кон крајот на месец јуни заврши последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што победата ја однесе Џејла Рамовиќ.

И во таа сезона имаше многу македонски учесници кои под менторство на членовите на жирито се бореа да стигнат до самото финале.

фотo: Принтскрин/инстаграм

Некои од нив успеа, некои испаднаа на почетокот, некои пред самото финале. Меѓутоа, тоа не ги демотивираше за да не се пријават во новата сезона.

Деновиве започна снимањата на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ која ќе почне да се емитува на 21 септември.

фото: Принтксрин/инстаграм/звездегранда2019

Добрата позната екипа се собра во студиото на „Гранд“ и повторно ги бира најдобрите кандидати.

Иако во медиумите имаше многу шпекулации дека наводно Марија Шерифовиќ нема да биде дел од жирито, сепак тоа беа само шпекулации бидејќи пејачката се појави на снимањето на првата емисија.

Како што најави Поповиќ во секоја емисија ќе има еден гост ментор кој што ќе може да одбере кандидати со кои ќе работи.

Вчера се снима првата емисија на музичкото шоу, а во првиот круг ќе настапи и добро познатиот Стефан Величковски кој ќе помине во вториотн круг.

фото: Принтскрин/инстаграм/ѕвездагранда2019

Ова не е првпат како Стефан учествува во музичкото шоу, а претходната година тој беше под ментроство на Вики Миљковиќ.

фото: Принтскрин/инстаграм

Како Величковски се преставил повторно на сцената на „Гранд“ и какви коментари добил од жирито, дали нешто сменил останува да видиме следната сабота на Канал 5 телевизија.

To top