Радио Милева

Катарина Ивановска пред породување се „стегна“ во најтесниот фустан, па направи споредба кога беше бремена со Вања (фото)

Катарина Ивановска пред породување се „стегна“ во најтесниот фустан, па направи споредба кога беше бремена со Вања (фото)

Една од најубавите Македонки, топ моделот со интернационална кариера, Катарина Ивановска, само што не се породила.

Убавата и згодна мама брои ситно до породувањето, а иако во текот на целата бременост беше доста активна, сега на неколку дена пред породувањето, таа повеќе останува дома, односно како што вели од соба во соба, од кревет на кревет.

фото:инстаграм/катаринаивановска

Бременоста е најубавиот период во животот на една жена, а Катарина не чекаше долго за да роди и второ дете. Се вели дека во бременоста хормоните кај жената се „до плафон“, а Катарина според објавите на Инстаграм изгледа како да сака да менува облека пред огледало и да го анализира своето тело.

фото:инстаграм/катарина ивановска

Имено, меѓу поновите фотографии таа објави таква каде носи тесен црн фустан кој ја оцртува нејзината линија која е променета само во пределот на стомакот.

Овој фустан мама Кате го носеше во бременоста со Вања, а и сега за да направи споредба.

фото:инстаграм/катарина ивановска

Беше доста активна во салата за вежбање, што сигурно и е важно да биде во форма откако ќе се породи, а се тоа поради модните ангажмани.

Инаку, до неодамна Катарина го криеше и полот и името на бебето, но откако малечкото е на прагот да дојде на свет, манекенката реши да открие дека носи девојче кое ќе се вика Кира.

фото:инстаграм/катарина ивановска

За потсетување, ова ќе биде второ дете на манекенката која пред две години го роди Вања, кој пак има „унисекс“ име, кое може да биде и машко и женско!

Катарина иако наскоро ќе биде мајка на две дечиња, таа со својот сопруг никогаш не правела свадба…

To top