Неслихан Атаѓул Доглу, младата турска актерка попозната како Нихан од серијата „Карасевда“, неодамна снимаше нов филмски проект, односно серија која наскоро ќе започне да се прикажува на турската „Стар ТВ“.
Засега не се познати многу детали околу нејзината нова улога, но беше објавена фотографија на социјалните мрежи каде Неслихан блеска од убавина.
Доминантна и секси, талентираната и шармантна млада актерка уште пред почнувањето на новата серија уште еднаш ги освои обожавателите.
Таа важи за една од најубавите актерки во Турција, а затоа не случајно постојано добива нови улоги и е заштитно лице на разни модни брендови за облека и козметика.