Кон средината на месец јули, екипата на „Брза кујна“, водителката Александра Илиевска и шеф Никола и шеф Марк се простија од гледачите на кратко, па заминаа на летен одмор.
Пред заминувањето на летен одмор, шеф Никола стави потпис во матично и заплива во брачните води со неговата веќе сопруга Стефанија.
Никола и Стефанија имаат убав повод за радување, односно саканата на шеф Никола е бремена и наскоро ќе се реазлираат во улога на родители.
Меѓутоа, пред да стигне новиот член во семејството, шеф Никола имаше друга причина за славење односно неговиот роденден.
На неговиот ѕид се нижеа честитки од страна на неговите пријатели, а посебна честитка доби од неговата сопруга која сподели видео со заеднички фотографии, а во описот напиша:
„Те сакам повеќе од вчера, но помалку од утре. Од ден на ден мојата љубов кон тебе е поголема отколку што некој може да замисли. Среќен роденден душо и сите сме тука да те подржиме твоите желби да станат реалност“ напиша сопругата на шеф Никола.