Пејачката Северина Којиќ е во брак со Игор Којиќ веќе пет години, а парот е често во центарот на вниманието и во медиумите може да се прочитаат разни приказни.
Наводно, како што пишува еден српски портал, нивниот брак повторно е во криза.
Наводно, Којиќ многу се карале поради финасии и поради тоа што тој не придонесува за нивниот живот туку тој живее на нејзиниот грб, па наводно го избракала од домот.
Имено, извор за хрватските медиуми откри дека Северина многу често чека такси пред зградата во Загреб каде што живее нејзиниот сопруг.
Една сосетка открива дека Северина и Игор се скарале на скалите во зградата каде што живее пејачката.
Така таа вели дека наводно на Северина и пречи што таа мора да му купува карти кога некаде патува бидејќи фудбалскиот менаџер не заработува.
„Често му префрлува што таа мора да го финансира. На скалите се слушаше како Северина му вели: „Па, до кога мислиш да ти плаќам се, не можеш авионската карта да си купиш, и тоа морам да ти плаќам. Тој молчеше и не и враќаше“ тврди сосетката на Северина.
Инаку, на почетокот од бракот парот живееше разделно, односно на релација Белград- Загреб или Белград – Сплит.
За потсетување, Северина неодамна имаше настап на „Роштиљада“, а покрај неа цело време беше нејзинот сопруг.
По овие пишувања пејачката досега не се огласи.