Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ платиле 14.000 евра за образование на нивните ќерки Атина (11) и Ника (10).
Нивната постара ќерка отиде во петто одделение овој септември, а помладата во четврто одделение во приватно училиште во Белград, каде годината чини 7.000 евра.
“Во ова училиште се учи на англиски јазик. Познато е дека Јелена не жали за парите кога станува збор за едукација на нејзините наследниички, така што сега не се грижи за трошоците, но за неа е важно што тие се во безбедни раце. Тие ќе ручаат во училиштето, имаат модерни училници, парк и игралиште, како и организиран превоз до домот. Јелена посети неколку приватни училишта и одлучи да ги запише баш во ова“, рече изворот за српски Курир.
На 2-ри септември пејачката ги придружуваше ќерките за време на претставата на првиот ден од училиштето.