Драгана Мирковиќ по успешната летна турнеја замина да се одмори во светската метропола Монте Карло.
Добро познато е дека Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг се дружат со светскиот џет сет, а посебно се добри пријатлеи со Жан Клод Ван Дам.
Тие ја користат секоја прилика да се дружат, а Драгана и Тони често одат на прослави организирани од страна на познатите од светска сцена.
Деновиве, Мирковиќ ужива во Монте Карло каде ги полни батериите по успешната турнеја.
Таа времето го искористи за да посети неколку знаменитости во Монте Карло, но и за да излезе во провод и тоа во друштво на синот на светската легенда Џон Ленон, Џулијан.
За потсетуваење, Мирковиќ неодамна изјави дека нејзиниот син Марко изразил желба да оди на одмори со друштво, но Драгана побарала од него од следната година заедно да одат некаде на 10 дена, а потоа тој слободно може да оди со друштво.