Промотер

Тијана Дапчевиќ во љубовна драма со Бошко Јаковљевиќ за „Никад нисам“ (видео)

Тијана Дапчевиќ во љубовна драма со Бошко Јаковљевиќ за „Никад нисам“ (видео)

Неодамна на еден кров од хотел во Белград, Тијана Дапчевиќ го снимаше спотот на баладата „Никад нисам“ која веќе е хит на радио станиците во регионот.

Деновиве осамна и финалната видео приказна која е создадена по истоимениот роман на Весна Дедиќ, а ја компонираше и го напиша текстот Драган Браја, додека аранжманот е на Дејан Костиќ.

Главниот јунак на романот „Никад нисам“, ликот на фаталниот пилот Константин во спотот кој го режира Ивица Видановиќ, го донесе познатиот телевизиски водител, дизајнер и манкен Бошко Јаковљевиќ.

фото:принтскрин/јутјуб

Романот „Никад нисам“ е популарен кај девојките ширум регионот кои се пронајдоа во љубовната приказна чија хероина се труди иднината наместо минатото да и биде убав дел од животот.

Тијана и Бошко третпат заедно снимаат видео спот во кој Тијана свири виолончело и ја пее песната на главната протагонистка Катарина.

Погледнете:

To top