Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.
Оттогаш, музичката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и музичката сцена одат само во нагорна линија. Тоа го докажа и со нејзиниот сингл „Ако ме сакаш“, а освен тоа што е една од навртените песни на радиостаниците, истата, но српска верзија, стана хит на интернет каналот Јутјуб и има гледаност повеќе од еден милион.
Потоа настапуваше на „Макфест“, а издаде и уште неколку песни кои поминаа успешно. Оваа година таа учествуваше и во едно хрваско шоу каде што ги освои сите симпатии.
Пејовска често е активина на социјалните мрежи, па не се штеди да ги сподели своите активности со нејзините следбеници.
Овојпат, Пејовска не сподели фотографија од себе, туку од член на нејзиното семејство, а воедно и можеби нејзина најголема поддршка.
Имено, лина покажа како изгледа нејзината мајка Тереза Пејовска.
Нејзините следбеници не се штедеа да ја опсипат со позитивни коментаир. „Леле, исти сте“, „Убава мајка“ се само некои од коментарите.