Војната на ѕвездите продолжува. Карлеуша и Лукас толку се закачија, што секојдневно си објавуваат пораки со непристојна содржина еден на друг… И тоа јавно, преку социјалните мрежи!
Меѓу сите прозивки, навреди, омаловажувања, денес осамна нова доза на „гнасотии“.
Имено, по цунамито „грди зборови“ на пејачот, најпрвин Карлеуша му возврати со тоа го прозва Лукас со пораката:
„Предозираноста се ‘ ќе реши!“
На тоа Лукас жестоко и возврати на фолк дивата:
„Некој ќе заврши од дрога, а некој од к*р. Смрт е смрт, како и да било“ – напишал Лукас.
Во меѓувреме, пејачот ги избришал сите објавени пораки до Ј.К., објаснувајќи дека не сака да му го расипуваат неговиот профил.
„Кој требаше да ги види – ги виде објавите, а сигурно ја разбра и пораката. Нема потреба овие грди слики и зборови да го обезличуваат мојот профил, а особено да останат трајно зад сликата на моето омилено битие! Им благодарам и фановите на Ј.К. на гостувањето и искрено се надевам дека нема повторно да се сретнеме! Пријатно да ви е – Лукас“, напишал тој.