Џоана Саинз (30), пејачката на групата „Супер Холивуд оркестра“, загинала на сцената кога била погодена од ракета од огнометот додека пеела.
Групата „Супер Холивуд“, во која има 15 члена, вклучувајќи пејачи, музичари и танчери, настапувала во Лас Берланас, Авила.
Додека групата го изведувала својот перформанс на сцена, Џоана била погоден од огнометот во стомакот.
Настапот веднаш е прекинат, а членовите на групата во истиот момент се обиделе да и помогнат и да пружат прва помош на својата колешка. Таа со сериозни повреди веднаш била пренесена во болницата, каде подоцна починала.
Имало илјадници луѓе околу сцената. Службата за итна помош потврдила дека несреќата се случила во 01.49 часот, а амбулантно возило пристигнало 25 минути подоцна.
Извор: Меил онлајн.ком