Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски победи во првата сезона на музичкиот натпревар „Х Фактор“ во 2014 година, кога го запозна пошироката јавност.
По освојувањето на натпреварот, Даниел сними неколку песни, од кои внимание привлече дуетот со Жељко Јоксимовиќ, кој му беше ментор на Даниел во натпреварот.
Една година по освојувањето на „Х Фактор“, тој ја претставуваше Македонија на Евровизија, а потоа победи во друга шоу – програма- „Твоето лице звучи познато“.
Во последните години Даниел не беше присутен во српските медиуми, па многумина не знаат како изгледа неговиот живот денес.
Талентираниот Македонец сè уште е ангажиран со музика и го оствари сонот на приватно поле. Тој се ожени со 13 години помладата Кристина Димитриевска, со која го доби синот Давид пред две години, а неговото семејство е центар на светот.
Вака српскиот медиум pulsonline.rs го опишува патот до славата и тековните новитети поврзани со нашиот пејач Даниел Кајмакоски.
Имено, иако Даниел изминатиот период е многу поприсутен во регионот отколку на домашен терен, некои од српските медиуми се уште не се информирани дека Даниел се разведе.
Според нив, пејачот се уште е во брак, па за момент од напишаното може да помислите дека пејачот му дал втора шанса на бракот.
Очигледно тој ќе мора малку поинтензивно да се познимава со тамошните медиуми и убаво да им ги открие своите тековни професионални и приватни новини.