Радио Милева

Тајна чувана 40 години: Шабан Шаулиќ на својот вонбрачен син му оставил нешто многу вредно

Тајна чувана 40 години: Шабан Шаулиќ на својот вонбрачен син му оставил нешто многу вредно

Еден од најпопуларните пејачи на српска народна музика, Шбан Шаулиќ, настрада во сообраќајна несреќа во февруари, а многу колеги, пријатели и обожаватели на неговиот закоп го испратија до вечениот дом.

Меѓу нив беше и вонбрачниот син Роберт, кој со своето присуство привлече големо внимание на јавноста, а многу се шпекулираше за неговата врска со Шабан, како и гласините дека тој не бил пожелен во семејството и дека неговиот татко никогаш не го прифатил како негово дете.

Сепак, извор близок на семејството Шаулиќ ја открива наводно вистината како и тоа што остана во наследство на Роберт.

– За Шабан се знае дека го прифати татковство без двоумење, тој никогаш не го постави прашањето, но отворено рече дека Роберт не е дете родено од љубов. Гоца знаеше пред Шаулиќ да се ожени со неа дека има вонбрачно дете и таа се обидела да го приближи Шабан со него. Мајката на Роберт, Невенка, работеше во Германија во тоа време, додека детето растеше со нејзините родители во близина на Зрењанин. Тогаш Гоца и предложи на Невенка таа и Шабан сакаат да го посвојат Роберт, да го пораснат со своите деца. Но, Невенка одби. Таа не сакаше да му дозволи на својот син да живее со Шабан, но побара да направат куќа за нив. Тоа беше во 1978 година, Шабан и Гоца дадоа околу 100.000 марки за изградба на куќа – рече изворот.

фото:инстаграм

Пејачот Хасан Дудиќ, исто така, потврди дека сите обвинувања дека Роберт бил одбиен од семејството Шаулиќ се неточни, и откри за што сведочеше тој, како пријател во куќата на Шабан.

– Така е. Гоца лично дала пари на мајката на Роберт да направи куќа за себе и своето дете, тоа беше во седумдесеттите години на минатиот век. Знам сè за тоа и можам да сведочам, треба исправно да зборуваме. Гледам многумина сега коментираат дека Гоца не дозволила Шабан да остане во контакт со Роберт, а тоа се лаги и измислици. Шабан можеше да го види својот син и да разговара со него кога сакаше. Тој на погребот ми рече дека е многу тешко за него заради смртта на Шабан, тој плачеше. За него беше навистина тешко кога ми рече: „Чичко, ќе одам да влезам во капелата за да искажам сочувство на Гоца, моите сестри и мојот брат“, Роберт е многу добро момче – рече Хасан.

Ќерката на Шабан, Илда Шаулиќ, во 2009 година изјави дека не била во контакт со Роберт, и исто така рече зошто е тоа така.

– Никогаш немавме можност да бидеме во контакт. Тој е момче кое е родено пред нас и пред да се ожени татко ми за мајка ми, па немаше можност. Тој е човек кој има свое семејство и му посакувам среќа “, рече Илда во тоа време.

To top