Руската манекенка Ирина Шајк остави тежок период поради раскинувањето со холивудскиот актер Бредли Купер и повторно ужива во секојдневните радости.
Поголемиот дел од времето го поминува со нејзината ќерка Леа и нејзината мајка Олга.
Така, двете одвоија време за себе и вечераа на морскиот брег, а убавата Русинка се пофали со заедничката фотографија на Инстаграм.
Ирина е многу приврзана кон мајка си која ги одгледала Ирина и нејзината сестра во сиромаштија.
Таа беше наставничка по музика, а нејзиниот сопруг рудар починал кога Ирина имаше само 14 години, кога беше манекенка.
Сепак, нивната среќа се насмевна кога Ирина ја забележа агент од модна агенција и оттгаш животот им се приомени.