ТВ водителката Ирена Спировска се здоби со скршеница на раката која сега е во гипс.
Незгодата се случила на Маврово додека таа и нејзиниот партенер Душко возеле велосипед. Но уживањето во мавровската убавина завршила кога Ирена паднала од велосипедот и се здобила со повредата.
За среќа водителката нема други посериозни повреди, а гипсот го носи некое време. Ирена е секогаш ведра, позитивна и насмеана, па дури и во вакава ситуација таа позираше насмеана на социјалните мрежи.
-Мамо, полека со брзините, се потпишала на гипсот нејзината ќерка Зорица мислејќи на управувањето на брзините од велосипедот.
На гипсот порака и остави и саканиот Душко, но неговата беше романтична и со срцинња.
Побрзо закрепнување Ирена!