Театар Комедија од септември почнува да работи со полна пареа.
Веќе финишираат подготовките за фестивалот ,,Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата ,,Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на ,,Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.
На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од театарот.