Најпознатата старлета на планетата, Ким Кардашијан, неодамна го доби и третото дете.
Не го роди таа, туку за неа и тоа го направи сурогат мајка. Поради компликации од претходните бремености, Ким одлучи да ангажира жена која ќе го донесе нејзиното трето дете на свет.
Овој пат станаа родители на уште едно женско дете кое е родено 47 минути по полноќ и тежи 3,3 килограми. Она што предизвика низа контроверзни прашања – е тоа која е сурогат мајката.
Според пишувањата на странските таблоиди, едни тврдат дека анонимната дама има 27 години и веќе родила свои деца, а пак според кажувањата на медицинската сестра во болницата, тоа била ни повеќе ни помалку туку нејзината полусестра Кајли.
Во последните неколку месеци Кајли ретко се појавуваше на социјалните мрежи, па дури и не се фотографираше како порано.
Во меѓувреме се пишуваше и дека нејзиниот стомак е нарастан и дека чека бебе. Покрај сите контроверзии околу смејството Кардашија, нема да биде чудно ако ова излезе како вистина.