Помина нешто повеќе од една година откако „министерот за одбрана“ на македонскиот ракометен гол, Борко Ристовски и неговата соруга Нина за првпат се остварија во улогата на родители.
Малиот лав Душан, како што мама милува да го нарекува, потпорасна во мини копија на тато, иако уште како бебенце се гледаше дека е ист Борко, само во смалена верзија.
Времето минува, децата брзо растат, а на радоста пред се на мама и на тато и нема крај.

Прв збор, прво чекорче, првите прегратки, бакнежи… секој момент вреден повеќе од богатство.
За разлика од Борко, Нина е нешто повеќе активна на социјалните мрежи, а на нејзиниот профил редовно осамнуваат нови фотографии од нивното секојдневние.

Додека беше бремена, таа постојано го фотографираше трудничкото стомаче, а откако се породи, Николина не ги смени навиките, напротив, радоста да сподели нешто плус со Душан е уште поголема.

Мајката природа ја дарила Нина брзо да се врати во форма и да си дозволи храбро и самоуверено да носи куси фустанчиња и да ја покажува својата женственост и сексапил.

Сепак, најважното во нејзините раце кое е дел од неа и секогаш е во центарот на вниманието е нејзиното лавче, а покрај него, се друго е во втор план.