Промотер

Давид Михајлов со „Моја мала“ ќе го освојува Балканот (видео)

Давид Михајлов со „Моја мала“ ќе го освојува Балканот (видео)

Само два месеци по промоцијата на неговиот деби сингл „Злато моје“, младиот велешанец Давид Михајлов работеше забрзано на својата нова песна.

Пред неколку дена преку интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи, Давид ја промовираше и својата втора песна која е насловена „Моја мала“. Како за првата, така и за втората песна, талентираниот Давид работеше со Темелко Андреев и неговата „Sidechain Production“.

Темелко се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот, а исто така негов е и миксот и мастерот. За пакетот да биде целосен, за песната беше изработен и видео спот чија реализација ја потпишува Владислав Гавриловски.

Давид е решен уште од стартот на својата кариера да ја освои не само македонската публика, туку и регионалната, па затоа како и „Злато моје“, така и „Моја мала“ ги отпеа на српски јазик.

-Одлучивме да правиме песни на српски јазик бидејќи пазарот е многу поголем и стилот на музика е многу поприфатен… Музиката не познава граници, нации и јазици… Една од причините е тоа што имам примамлива понуда  од Србија за која наскоро ќе дознаете. Третата песна веќе е готова, работиме забрзано и напорно бидејќи веруваме дека само така може работата да вроди плод, а песна на македонски јазик секако е во план, ги открива Давид своите планови.

Иако новата песна е релативно кусо време на Јутјуб, истата веќе има речси 40 илјади прегледи.

Слушнете ја „Моја мала“ и дајте му шанса на Давид да ги освои вашите симпатии!

To top