Јелена Карлеуша во моментов е на гости кај директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ во Опатија, и со фотографии и снимки од минута во минута покажува колку ужива во нивната вила и хрватското крајбрежје.
Јелена е таму со своите ќерки Атина и Ника, како и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, а за неа и Саша се знае дека се одлични пријатели.
Јелена делумно покажа како изгледа луксузната вила на Сале на море, како и новата јахта што ја изнајмил пред почетокот на ова лето.
Сепак, она што сите со нетрпение го чекаа беше Карлеуша да објави уште една секси фотографија во бикини кои секојпат се изненадување и задоволство за нејзините фанови и следбеници.
Овој пат, тоа е секси едноделен црно-бел костим, толку провокативен што едвај го покрива она што „не треба“ да се види.
Јелена позираше во близина на базенот што се наоѓа во вилата на Поповиќ, а на втората фотографија во крупен кадар ги истакна градите во костимот што ги покрива само брадавиците.