Јелена Карлеуша деновиве со ќерките Атина и Ника, како и со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, ужива во посетата на Истра кај Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ.
После Малдивите, Турција и Црна Гора, Јелена и нејзиното семејство решиле да поминат извесно време на хрватското крајбрежје, поточно во Опатија, каде директорот на „Гранд продукција“ има вила што ја купил минатата година и каде тој и неговата сопруга уживаат на лето.
На социјалните медиуми, Јелена објави неколку видеа од јахтата на Поповиќ, на која уживаат во благодетите на морето.
Покрај тоа, една од снимките покажува како изгледа дел луксузната вила на Поповиќ во Опатија на морскиот брег.