Пејачката Лепа Брена пристигна на прославата за роденденот на Филип Живојиновиќ, а сите беа изненадени кога видоа дека донела вентилатор со себе кој стоел надвор пред вратата.
Поточно, Брена се возела во автомобилот до самиот ресторан, а кога се паркирала, прво позирала пред собраните медиуми, а потоа се вратила по вентилаторот кој и помогнале да го носи.
Додека присутните ја гледале во чудо, таа со насмевка објаснила дека го носи со себе затоа што е жешко и дека ќе го внесе и во локалот.
Сите се смееле на нејзината непосредност, а еве како изгледаше тоа: