Огњен Врањеш и порачал на Јелена Карлеуша да му плати 100 000 евра за тој да ги повлече тужбите што ги поднесе против неа годинава, поради заканите што му ги упати на социјалните мрежи и преку медиумите.
Преку неговиот адвокат, Врањеш изјави дека доколку Карлеуша ги плати парите, тој ќе ги повлече тужбите и дека ќе заборави дека таа постои.
Според извор близок на пејачката, Карлеуша ја протолкувала оваа понуда како непристоен предлог и категорично ја отфрлила.
„Кога го слушна тоа, Јелена полуде. Таа рече дека не размислува за тоа и дека ќе го гони до судниот ден ако треба, ама нема да се согласи на било какви спогодби и договори со него. Рече дека побргу ќе ги запали парите, отколку да му ги даде нему“ – потврдил изворот.