Веќе 25 години лидерот на легендарното „Бијело Дугме“, Горан Бреговиќ е во брак со сопругата Џенана Суџука. За Брега постојано се зборува дека имал разни неверства. Од многу познати лица како Катерина Радивојевиќ, Северина, Алка Вујица… па се шушка дека бил дури и со некои македонски ТВ новинарки и водителки, до безброј тотално анонимни жени. Афери кои речиси, безмалку биле јавни.
Но сите тие приказни неговата сопруга стоечки ги издржала. Џенана, која некогаш била манекенка и важела за една од најубавите девојки во Сараево, на Брега му подари три деца: ќерките Ема, Лула и Уна. На наводните приказни за неверства Бреговиќ таа воопшто не се осврнува, а тој пак постојано ја фали својата поубава половина.
„Треба да се жените. Морате да имате некој во животот за да направите рамнотежа, за животот да не ви превагне на една страна. Бракот и семејството служат за тоа. Да постои некоја гравитација, а тоа посебно важи за професии како мојата“ – вели Бреговиќ.
Кога станува збор за убавината на неговата сопруга, таа е неоспорна. Џенана пак низ смеа, смета поинаку:
„Ма каква убавица. Јас сум старица. Но, можете да ме прашате како се чувствувам како мајка чија ќерка е уметник“ – вели сопругата на Бреговиќ.