Наталија Славева има нова песна. Балада, насловена „Непобедливи“. Нејзино ново враќање откако по петгодишната пауза лани се врати на „Макфест“, а сега еве ја одново во македонскиот етер.
Автор на песната е Иле Спасев, а самата Наталија го потпишува своето коавторство во стиховите на истата. Баладата „Непобедливи“ е визуелизирана со видеоспот кој го изработила скопската видеопродукција „Фабрика“ под режисерската палка на нејзиниот сопственик Маријан Огненовски.
Во него пејачката се појавува заедно со своето момче Александар при крајот на видеото!
Истото е снимено во ексклузивниот простор на „Гарденија спа ресортот“ во Велес, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение.